Јас и ние како партија кажавме дека здравјето на граѓаните ни е пред и над се. Исто и да помогнеме, иако сме во опозиција. Целта е да заболат што помалку луѓе. Тоа е прво. Друг аспект е справување со економската криза. Очекувам светски геополитички поместување. Што после пандемијата? Економијата ќе биде тука прашање. Но, ќе има и поголеми поместување. Никој не зборува за психо трауматскиот шок. Една бројка на Блумберг вели дека три милјарди луѓе не се активни – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.
Сето ова ќе остави голема трага на луѓето, посочи Мицкоски, додавајќи дека ние како мала земја мора да седнеме и да разговараме и за што потоа. Според него никој не зборува за посттрауматски ефекти од оваа криза, народот е во страв со право.
Многу луѓе ќе останат без разбота. Тоа ќе биде сериозен социолошки феномен. Треба да ги видиме ризиците и да постапуваме. Има информации дека ова ќе стивне кон крајот на јуни, но и дека ќе има втор бран. Луѓето ќе продолжат да живеат под еден страв и стрес – рече Мицкоски
Comments are closed for this post.