Први на удар беа од групацијата Волксваген, потоа Фиат Крајслер автомобилите. А сега изгледа дојде ред на Мерцедес.
Компанијата наскоро би можела да се соочи со сериозни казни кои се однесуваат на мамење на дизел тестовите.
Судејќи по магазинот Дер Шпигел, обвинителите во Штудгард имаат намера да го казнат Мерцедес со казна од една милијарда евра заради лажирањето кое се однесува на софтверот во Мерцедес Ц и Е класата.
Заради тоа компанијата мораше да повлече 280 илјади возила, а обвинителите планираат да бараат казна од 5 илјади евра по возило.
Мерцедес одби да ги коментира наводите, но обвинителите изјавија дека истрагата е се уште во тек и дека нема да биде завршена до крајот на годината.
Comments are closed for this post.