По неколкуте скандали со безбедност на податоците на Фејсбук, драстично се намалило богатството на еден од најбогатите луѓе на светот, Марк Цукерберг.

Неговата компанија, уште во април го доживеа најлошиот ден во својата историја, кога вредноста на нејзините акции се намали за 19 отсто. Тоа предизвика сопственикот на компанијата Фејсбук, Цукерберг, да падне на листата на Форбс на најбогати луѓе на светот и, според тогашните проценки, да загуби речсии 16 милијарди долари од своето богатство.

Сепак, со оглед на тоа што компанијата правеше проблеми и во следните неколку месеци, проценката на експертите велат дека лошите финансиски тренд продолжил и дека богатството на Цукерберг се намалило за дополнителни околу милијарда ипол односно неговата загуба изнесува 17,3 милијарди долари.

Овој пад на вредноста на Фејсбук почна да се случува откако компанијата се најде во скандалот во кој беа злоупотребени податоците на преку 50 милиони корисници и откако компанијата беше доведена во врска со Џорџ Сорос, кој наводно финансирал кампањи против компанијата, објави мрежата Фокс во своето бизнис издание.

Фејсбук и Цукерберг досега немаат јавен коментар за таа вест.