Универзитетскиот професор Самоил Малчески преку статус на Фејсбук пишува дека тутунарите се изманипулирани и власта направила најголем грабеж во последните неколку години врз нив.

ВНИМАНИЕ содржина која може да ги вознемири припадниците и поддржувачите на #ХибриденРежим
Моментално на територијата на Република Македонија, т.е. во Пелагонија се случува најголемиот грабеж во последните неколку години!
Навидум во петокот е постигнат некаков договор, но суштински тутунарите се изманипулирани по незнам кој пат (барем така вели еден мој побратим на кого му верувам и до сега ме нема излажано)!
Грабежот е вреден 23 милиони евра!
23.000 тони тутун, тоа се 23.000.000 кг тутун. Разликата помеѓу минатата година и оваа во откупната цена е 1 евро!
23.000.000 кг тутун × 1 евро = 23.000.000,00 евра грабеж на грбот на тутунарите!
Пак да ги гласате! стои во неговиот пост на Фејсбук.

ВНИМАНИЕ содржина која може да ги вознемири припадниците и поддржувачите на #ХибриденРежим

Моментално на територијата…

Posted by Samoil Malcheski on Sunday, December 20, 2020