Македонија се симнува и на листата за економски слободи. Индексот за економски слободи, што го изработува Институтот Фрејзер од Канада, ја рангираше Македонија на 73 место. Вкупниот индекс на Македонија изнесува 7,02 од вкупно 10. Најлошо оценето со 4,31 – е правен систем и сопственички права.
Ако се споредат податоците од претходните години, ќе се види дека во однос на 2015 година Македонија била на 60то место и со тоа забележала пад за 13 места.
Од земјите од регионот најдобро се рангирани Албанија и Бугарија, која се наоѓаат на 30, односно на 37 место. Србија се наоѓа на 80 место, Црна Гора на 83 место, а БИХ на 92.
Нема изненадувања во рангирањето на лидерите во економската слобода оваа година – на прво место се Хонг Конг (со индексна вредност од 8,91 од можни 10), Сингапур (8,71) и Нов Зеланд (8,5), а првите десет ги надополнуваат Швајцарија, САД, Ирска, Велика Британија, Канада, Австралија и Маурициус, сите имаат индекснка вредност над 8. На другиот крај на рангирањето се Венецуела, Либија и Судан, со повеќето земји на дното по однос на граѓанска војна, тешка економска криза или и двете.
Индексот на економска слобода на светот комбинира мноштво индикатори кои градат пет под-индекси – големината на владата, правниот систем и заштитата на правата на сопственост, стабилните пари, слободата на меѓународната трговија и регулативата.
Comments are closed for this post.