Уште еден неславен резултат за Македонија. Земјава е меѓу последните во Европа по однос на иновациите, покажува рангирањето на европските статистички институции по однос на најиновативните земји во Европа.

Европскиот индекс за иновации, која ги мери иновациите во Европа според различни показатели, покажува дека Швајцарија имала највисок резултат на збирниот индекс на иновации од 142,4 поени. Од друга страна, Украина има најнизок резултат на збирниот индекс на иновации од 31 поен.

Во групата најлоши е и Македонија со 45, 6 поени, а друштво и прават и Романија, Босна, Албанија и Бугарија.

табела.png

Ова секако е поразувачки податок за Македонија, затоа што државата во изминативе години преку Фондот за иновации и технолошки развој дава огромна буџетска поддршка за компании кои креираат иновативни решенија. Но, и распределбата на пари за таканаречени иновативни компании е постојано следена со скандали и обвинувања дека се финансираат фирми блиски до власта, кои во своите проекти не нудат иновации, или аплицираат за иновации кои се копирани од странски компании.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ постојано објавуваше скандалозен избор на домашни компании, блиски до власта кои добивале огромни средства од ФИТР, но до сега за истите обвинувања нема никаква правна разврска.

Од тука се поставува прашањето , каква оправданост има инстутуцијата Фондот за иновации и технолошки развој, која од една страна постојано дели пари за иновации, а од друга страна нема ништо иновативно, за што покажува и европското рангиирање.

Инаку, европскиот индекс за иновации обезбедува компаративна анализа на иновациските перформанси во земјите на ЕУ, другите европски земји и регионалните соседи. Ги проценува релативните силни и слаби страни на националните системи за иновации и им помага на земјите да ги идентификуваат областите што треба да ги решат.

Целото рангирање може да го погледнете на овој ЛИНК