Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.

Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но изворите кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза.

Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата.