Премиерот Димитар Ковачевски не советува дома да загреваме до 22 степени целзиусови со инвертер клима за да заштедиме струја , но и да заштедиме пари.

Да се однесуваме одговорно и рационално во овие тешки времиња на економска и енергетска криза.
Малите промени во нашите секојдневни навики, на долг рок прават значителна разлика во заштедите на сметките за струја.
Скоро половина од потрошувачката за електрична енергија во домот се троши за греење или ладење. Сериозно штедиме струја со греење на разумна температура до 22 степени целзиусови.
Со греење на инвертер клима уред, наместо на греалка или панел може да се заштеди и до 75% електрична енергија.
Со штедењето енергија ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина.
Штедиме заедно денес, за да имаме утре – објави Ковачевски