Се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните, во семејствата, кај работниците, пензионерите, кај социјално ранливите граѓани, рече на денешната прес-конеренција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Во годината зад нас, реализиравме бројни мерки што обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство.Се отвори спиралата на раст на платите. За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари.Пензиите го следат растот на платите и трошоците за живот и за две години просечната пензија пораснала за околу 1.400 денари.Минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари и ја изедначивме и за работниците од кожарската и текситлната индурстија. Со тоа над 90 илјади работници добиваат зголемена плата. Значи над 90 илјади работнички семејства имаат во просек повеќе од 2.000 денари зголемен приход секој месец, само од оваа мерка, истакна Костадинов.

Стечајните работници, додаде тој, добиваат паричен надоместок од 7.596 денари месечно. Со неодамнешните измени на Законот за стечајци се зголеми опфатот на 8.100 граѓани кои го добиваат овој надомест.

Меѓудругото тој истакна:

Ја укинавме радиодифизната такса. Со оваа мерка финансиски ги ослободивме граѓаните и овозможивме во просек по 2.000 денари дополнителни средства да се слеваат во секое семејство, за период од една година, само со оваа мерка.Ја воведовме ефтината тарифа на струјата со што овозможивме 11 милиони евра да се вратат назад кај граѓаните. Просечно семејство односно домаќинство во земјава, само со оваа мерка добива околу 1.600денари повеќе пари, за период од една година. Платите ќе продолжат да растат во сите сектории во наредната година, за што се предвидени низа мерки во Буџетот за 2019 година Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто.