Зборот важи! Започна реализацијата на уште една значајна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ која обезбедува враќање пари назад кон граѓаните. Од 1 јули стартува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност назад, кај граѓаните“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој појасни дека со проектот „Мој ДДВ“ право на поврат на пари ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка.

Преку повратот на 15% од платеното ДДВ, секое семејство може да оствари приход плус на крајот од годината. Околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, преку реализацијата на оваа мерка“, рече Костадинов.

Според него ова е крупна мерка, и е од исклучителен интерес за граѓаните.

Освен повеќе пари кај семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија“, рече Костадинов.