Концептот кој власта го предлага како даночна реформа не е ништо друго освен нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот, корупцијата и недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека всушност не се работи за даночна реформа, затоа што нема стратегиски пристап и не го оценува севкупниот економски ефект. Според експертите од партијата, истиот ќе дестимулира одредени сектори, ќе се намалат приливите и инвестициите и ќе се намали расположливиот доход на граѓаните. Што значи тоа ќе има негативно влијание врз економијата.
Ова што сака власта да го направи е во корист на криминалот, сивата економија и неплаќачите на данок, а на штета на легалните бизниси и граѓаните. Оваа т.н. реформа негативно ќе влијае врз ликвидноста на компаниите и нивните планови за идни инвестиции, додека уште поголем товар се става на малите и микро компании кои ќе бидат приморани да се префрлат во неформалниот сектор. Истата ќе доведе до нов одлив на работници кои лебот ќе го бараат во странство. Воедно со истата власта планира да ги зголеми повластените даночни стапки за на ДДВ за некои основни производи и со тоа ќе доведе до натамошен раст на цените што ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија и ќе направи граѓаните да не може да си ги дозволат основните работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прогресивниот данок кој власта го планира, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе еднаш доживеа крах и неуспех во Македонија, додавајќи дека рамниот данок којшто беше воведен од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се покажа како ефикасен во намалување на неформалното вработување, намалување на невработеноста и како ефикасен и во борбата со сивата економија.
Власта не само што има целосно погрешен концепт туку погрешно им е и времето, а краткиот рок на имплементација ќе ги доведе во финансиска неизвесност македонските граѓани и стопанството.
Владата на СДС и ДУИ наместо дополнително да ги осиромашува граѓаните и затвора бизнисите може да скрати на+ крадење и да не се расфрла со трошење на народните пари за скапи прослави, тендери во 4 очи и частење на општини кои не плаќаат данок.
Додека цел свет се спрема за најтешката зима, владата на СДС и ДУИ се спрема да ги доосиромаши граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за оваа криминогена власт да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.