Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собрането на Република Македонија поднесува  предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите. Слаџана Митовска од ВМРО ДПМНЕ изјави дека со овој предлог закон пензионерите ќе го добијат заслуженото покачување на пензиите.

Со овие законски измени ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување.Власта брутално ги изманипулира и си поигра со пензионерите. Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.

Од СДСМ велат пак дека тие ги решаваат проблемите   претходната власт, па затоа и  обезбедиле пари по однос на скандалот со ПИОМ. Костадинов од СДСМ вели дека надлежните институции ќе  ја утврдат вината. Според Костадинов лицемерно е кога ВМРО ДПМНЕ тврди дека се кратат пензиите, затоа што такво нешто немало. Напротив пензиите ќе растат тврди Костадинов