Ќе поскапи ли лебот во Новата година? Мелничарите засега не можат да прогнозираат, но велат дека заради нелојалната конкуренција и корона кризата нивниот секор е турнат на колена. На светскиот пазар со пченица се случува вистински хаос. Цената расте, некои земји прават залихи, други ставаат извозни давачки за житото да остане дома. Во вакви услови домашната мелничко – пекарска индустрија три месеци преговара со Владата за надминување на состојбата.
Домашната индустрија ниже загуби од пред корона кризата. Од февруари лани за нив беше на сила уредбата со која не можат да ја зголемат цената на домашното брашно, а од друга страна се соочуваа со увоз на евтино српско брашно. Дополнително, падна и потрошувачката заради антиковид мерките.
По празниците, мелничарите ќе имаат средба со премиерот Заев. Нивното барање е да добијат субвенции и за 2020, но и за следните години за да можат да опстанат. Од досегашните пакети мерки, мелничарите можеа да се потпрат само на поддршката за зачувување на работните места.
Comments are closed for this post.