Народната банка на Кина планира на 11 ноември да издаде сопствена криптовалута, на најпрометниот ден на електронската продажба во таа земја, објави американскиот магазин Форбс.

Народната банка на Кина уште од 2014 година ја истражува можноста за лансирање на сопствена дигитална валута како би ги смалила трошоците на промет од традиционалните хартиени пари.

Дистрибуција низ седум институции

Народната банка на Кина планира во првата фаза својата криптовалута да ја дистрибуира низ најмалку седум институции, меѓу кои се кинеските технолошки џинови како Алибаба и Тенсент.

Споменатите институции, според извори на Форбс, ќе бидат задолжени за дистрибуција на криптовалутите до 1,3 милијарди кинески граѓани и останатите кои тргуваат во ренминби, валута на континенталниот дел од Народна Република Кина, чија главна единица е јуан.