Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ новата фабрика ќе ја гради во Турција. Одлуката била донесена синоќа на седница на Надзорниот совет на компанијата, пишуваат бугарски „Факти“.

Според информација на изданието „Automotive News“, за изборот на Турција превагнале претставниците на Катар во бордот на „Фолксваген“. Катарската држава поседува 17 проценти од акциите на германскиот концерн.

Новата фабрика, што ќе произведува автомобили од марките „фолксваген“, „шкода“ и „сеат“ ќе биде изградена крај Измир. Според најавите, таа ќе биде отворена во 2022/2023 година со годишен капацитет од над 350.000 автомобили.