Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата, ги соопши мерките од четвртиот пакет антикризни мерки. Меѓу 31-та мерка е и онаа во која Владатата ќе даде платежни картички „Купувам домашно“ на 280.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти.
Оваа мерка е за стимулирање на личната потрошувачка. Платежните картички се со износ од 6.000 денари, а ќе го добијат 5.726 граѓани од ранливи категории – самохрани родители, но и пензионери кои имаат пензија до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници, рече Заев.
Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус ученици како поддршка за ученички стандард. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија.
Меѓу останатите мерки е и згоелмување на грејс период на бескапаматните кредити во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршказа туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.
Соопшти над 30 мерки меѓу кои и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, компании, земјоделци. Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на макеоднските економски дејности и работните места.
Comments are closed for this post.