Ниски цени за откуп, слаб или никаков пласман. Со овие проблеми се соочуваат производителите на јаболки од Преспанскиот регион.  За разлика од минатата година кога   за  конзумното јаболко ајдарет  се нудеше цена за откуп од  12 до 15 денари за килограм,  годинава не се откупува ниту  за 10 денари. Земјоделците велат дека нема интерес за откуп поради  слабиот интерес за Рускиот пазар, но и поради поголемото производство во Полска.

Драматична е  состојбата со така нареченото индустриско јаболко. Затоа  овоштарите бараат субвенциите од 3 денари за индустриското да важат и за оние кои ќе извезат наместо како досега само за домашните преработувачки капацитети .

Оваа година очекуваме вкупниот род на јаболка да надмине од 130- 135.000 тони, од кои 45% заради немање на градобијна заштита се оштетни од градот кој што во три до четири наврати ја погоди Преспа и цели подрегиони се уништени. Од тоа јаболко, половината ќе оди за индустрија, а македонските капацитети не се во состојба целото да го преработат и затоа преспанските овоштари се загрижени што ќе биде со ова јаболко и  дали ќе остане на овоштарниците непродадено , изјаву Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари

Министерството за земјоделство заради оваа состојба најавува интервентна мерка која се договара и треба да биде финализирана неделава .

Од таму истакнуваат дека континуирано се следи состојбата на пазарот, се воведуваат нови и интервентни мерки, со цел да се овозможат подобри услови за работа за сите учесници во агро-секторот, вклучително и овоштарството