Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на социјалните мрежи го искоментира Ребалансот на Буџетот, што вчера го донесе Владата.
Шефот на кримално-рекетарскиот картел на СДСМ – Зоран Заев, кој истовремено е и премиер, тврди дека буџетот ќе остане развоен, односно се водело сметка за развојната компонента?! Заев исто така се “пофали” дека ова е чесен ребаланс на буџетот!?!, пишува Јанушев.
„Чесно“ е тоа што се предвидени дополнителни 13 милиони евра за Фондот за пензиско осигурување и за зголемување на платите за 5% во јавниот сектор и 6.5 милиони евра со кои ќе се субвенционираат сите фирми што ќе ги покачат платите до 100 евра, при што истите ќе плаќаат само персоналец, а Владата ќе ги подмири придонесите, иако експертите тврдат дека на овој начин им се помага на оние што работеле нелегално!
Се удира шамар на сите оние кои работеле чесно, без гаранција дека 100те евра нема од сметката на вработените да завршат на раката на работодавачот. Познавачите велат ова е мерка за компаниите на Заеви, вели Јанушев.
Comments are closed for this post.