Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во
дел од угостителските објекти каде очигледно и бескрупулозно се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19.
Прашуваме, како е возможно да се дозволат овие музички настани, зошто не се спречени за да се намали евентуално ширење на вирусот туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој од нас не знае дали имаат завршница?
Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави
директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на настани, промоторите, културните работници?
Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка а за некого маќеа?
По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти? Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат?Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок? Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%? Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18% Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за време на овие настани?
Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува
најзагрозувачки?Уште од почетокот на кризата нашиот сектор беше конструктивен партнер во изнаоѓање на решенија за излез од кризата и иако најголем дел од компаниите се на чекор пред затворање, ние сепак ги вложуваме последните сили да преживееме и тоа со минимална помош од државата а притоа почитувајќи ги протоколите за работа.
За жал ниту едно од нашите барања во пресрет на 4 пакет перки не ни беше усвоен ниту пак беа земени пред вид нашите предлози за ублажување на последиците од кризата во овој сектор.
Бараме веднаш да се стави ред во работењето на угостителскиот сектор, да се сакнционираат прекршителите на протоколите а идните вакви или слични настани да не се превенираат пред да се случат.Уште еднаш јасно напоменуваме – угостителските објекти не се место за концерти, не се
безбедно место ниту за персоналот ниту за гостите. Угостителите не се организатори на настани ниту промотори. Тие имаат своја дејност и начин за заработка, ние ги имаме само настаните!
И на крајот, бараме од Владата, медиумите и целата јавност да не ја стигматизира индустријата за организација на настани.Доколку во наредниот период не се санкционираат и уште поважно не се спречат ваквите појави ќе бидеме приморани да превземеме радикални чекори во заштита на нашата професија и дејност!, стои во писмената реакција на Асоцијација на Ивент Индустрија – ИВАП.
Comments are closed for this post.