Одговарајќи на прашањата од граѓаните, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот „live chat“ одговори и на прашањето: „Како партија која претендира освојување на власта и вие како најсериозен кандидат на претседателската функција во Владата на Република Македонија како ќе ја регулирате овластената позиција на универзалниот снабдувач на електирчна енергија во функција на порентабилна цена на чинење на електричната енергија за самиот прозиводител и за самите потрошувачи“.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните имаше неколку протести против покачуавањето на електричната енергија на кои што објаснија како се случи тоа покачување, која беше целта на тоа покачување, кој приходува најмногу.

Можеби она кое што ние заборавивме да кажемеи еве ја користам оваа прилика да го кажам тоа е дека ако ја поглледете компанијата која е универзален снадбувач и последниот финансики извештај на таа компанија ќе видите дека профитот на таа компанија изнесува фантастични повеќе од 30 милиони евра во услови кога граѓаните мака мачат како од први до први да го поминат месецот во услови кога стопанството и економијата ни е на колена оваа комапнија универзалниот снабдувач во нејзниот финасиски извештај кој што го пријавила книжи добивна поголема од 30 милиони евра. Тоа е така затоа што имаат несразмерно голем процент кој што го приходуваат од производот кој што го продаваат а тоа е елктричната енергија која што преку фингиран настап на слободниот таканаречен пазар ја продаваат до крајните конзументи а тоа се граѓаните и стопанството кое не е на слободниот пазар и не набавува електирчна струја на слободниот пазар, одговори Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира новата влада ќе премине кон законски измени на кој што ќе биде овој бомбона бизнис по втор пат кога СДСМ е на власт ќе биде корегиран, а тоа е процентот пред се за да соодветсвува на станадардот на граѓаните и на она што граѓаните можат во овој момент да го испорачаат како средство, да ги сервисираат обврските за потрошената електирчна енергија.