Хрватска влегува во трката за инвестиција вредна повеќе од една милијарда евра, колку што германскиот производител Фолксваген планира да вложи во своја нова фабрика, пишува Вечерни лист.
Хрватска со ова ќе влезе во новиот круг преговори со Фолксваген со другите земји кои за ова се заинтересирани – Србија, Бугарија и Романија, пишува весникот повикувајќи се на извори од хрватското Министерство за економија.
Германците планираа да изградат фабрика во Турција, но одлуката ја стопираа заради турската воена офанзива во Сирија.
Фолксваген сакаше во Турција да гради нова фабрика во близина на Измир, а вредноста на инвестицијата беше проценета на 1,3 милијарди евра.
Германскиот производител планира во новата фабрика да произведува 300 илјади возила годишно и да вработи 4 илјади луѓе.
Фабриката во Турција требаше да започне со производство на Пасат и Шкода Суперб. Фолксваген производството на овие марски сака да гпремести од Германија, односно Чешка, како би можело таму да се произведуваат електромобили.
Comments are closed for this post.