Ако некој корисник на финансиска поддршка од 6.000 денари од Владата има блокирана трансакциска сметка, тогаш банката која има договор со Владата треба по негово барање да му отвори посебна трансакциска сметка поврзана со времена дебитна платежна картичка на трошок на банката на која ќе ја прими финансиската поддршка и која ќе биде изземена од извршување по било која основа. Ова е дел од Законот за финансиска поддршка на повеќе категории граѓани кој веќе стигна во собрансика процедура. Фактор објави детали од Законот, а според него помош добиваат граѓаните со низок доход, пензионери до 15.000 пензија корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Конечната листа кој ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk осум дена откако Законот ќе биде изгласан и ќе биде објавен во Службен весник.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.