Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини за Слободен печат вели дека Интервентниот план за инвестиции за периодот од 2021 до 2027 година, тежок над 8 милијарди евра, е утопија и неговото донесување не е легитимно без да се разгледа во Собранието.

Овој план е утопија. Тој е целосно нереален и е во функција на претстојните локални избори. На пример, последните дваесeтина години многу пати се најавуваа по 10-тина милиони евра во Попова Шапка. Тетово, во пракса, е урбицит, а на Попова Шапка има основа за повеќе кривични пријави. Без поддршка на Заев, Теута немаше да биде градоначалник, па затоа и сега се вади план за инвестиции на Шапка. Но еве, јавно го прашувам премиерот, кој е инвеститорот на Шапка, оној за кој тој зборуваше, дека се во завршна фаза на потпишување на договор и кој е познат инвеститор во скијачки центри во Европа, или оној за кој зборуваше Бујар Османи во Тетово,  кој е од Абу Даби и кој ќе гради и голф терени на Шапка? – вели Хајредини

Целиот текст на „Слободен печат“.