Анкета на јавно мислење спроведена во општините покажа дека само 13 проценти од граѓаните се потполно задоволни од услужливоста на шалтерскте работници во општините, беше соопштено денеска на јавната дебата за добро управување во единиците на локалната самоуправа што се одржа во Струмица.
Покрај тоа, целосната реализиција на едношалтерските услуги е спроведена само во 15 проценти од општините, а повеќето од останатите обезбедуваат само одредени документи по службена должност, најчесто поврзани со катастарски услуги.
Според Мартин Тодевски од Центар за управување со промени, оние општини кои имаат повеќе ресурси и подобра организација подобро работат на тој план.
На овој план предничат општините Струмица и Гевгелија во Југоисточниот плански регион, но секако има многу простор за подобрување, посебно во делот на подобрување и функционирање на едношалтерскиот систем. Да се обезбедуваат повеќе електронски услуги, да се објавуваат повеќе информации за граѓаните како можат да ги добијат услугити, кои формулари треба да ги пополнат, како да ги платат административните такси и надоместоци. Да се подобрат услугите за лицата со попреченост, вклучително и пристапноста до објектите на општините и многу други индикатори кои ги меревме, рече Мартин Тодевски, од Центар за управување со кризи.
Додаде дека најдобра оценка општините имаат во поставувањето на стандарди, посебно на тие за управување со квалитет како што е ISO 9001. Проектот „Следење на јавната администрација во зачувувањето на вредностите за добро управување“ во Југоисточниот плански регион го спроведуваат невладините „НОВУС“ и „Планетум“ од Струмица.
Проектот се реализира од јануари 2017 година и ќе заврши во декември идната година. Финансиран е од Европската унија.
Comments are closed for this post.