Германскиот производител на автомобили Фолксваген  соопшти дека до 2023 година во својата администрација ќе укине помеѓу 5000 и 7000 работни места, поради се поголемата автоматизација на рутинските задачи.

Како што објаснуваат, од компанијата ќе го намалуваат бројот на вработени така што нема да ги заменуваат со оние кои ќе одат во пензија, пренесува агенцијата АП.

Истовремено се најавени нови околу 2000 работни места  во секторот технолошки развој. Компанијата истакнува дека на вработените е загарантирана безбедноста на работното место барем до 2025 – та година.

Минатата недела  германскиот Ханделсблат , повикувајќи се на неименувани извори, напиша  дека компанијата планира да укине до 7000 работни места во администрација до 2023 година, како дел од програмата за намалување на трошоците за работа.

Укинувањето на работните места, кое би требало да почне од следната година е дел од планот на главниот извшен директор , да ја подобри заработката на компанијата за 5, 9 милијарди евра. Дополнителна причина  е преориентација на електрчни автомобили за чие производство се потребни помалку работници отколку за производство на класични возила.