Американската компанија Епл директно или индиректно е одговорна за 2,4 милиони работни места во САД, соопштија денеска од компанијата.
Тоа е за 20 отсто повеќе во однос на проценката на Епл од 2017 година, кога компанијата беше заслужна за два милиони работни места.
Производителот на „ајфон“ соопшти дека неговата директна работна сила пораснала од 80 илјади на 90 илјади луѓе за период од две и пол години, односно од неговите последни проценки.
Меѓутоа, најголемиот дел од проценетиот раст се должи на компаниите како „Броудком“ кој во САД произведува делови за производите на Епл и трети производители на софтвер кои прават апликации за уредите на Епл.
Comments are closed for this post.