Името „Македонија“ се појавува на разни видови производи на 182 грчки фирми во сите сектори пишува „Катемирини“, осврнувајќи се на прашањето поврзано со Преспанскиот договор, а кое се однесува на трговските марки и употребата на името „Македонија“. „Катимерини“ подвлекува дека 39 компании кои го користат тоа име се од земјоделскиот сектор, иако има околу 4.000 фирми кое тоа име го користат за еден или повеќе производи. Договорот од Преспа, како што наведува весникот, го отвора прашањето – што ќе се случува во иднина со нив.

Според „Катимерини“, фирмите од Македонија исто така ќе имаат право да го користат името „Македонија“, но притоа се наведува дека има нејаснотии како тоа ќе биде во иднина. Затоа на компаниите им се даваат правни совети како да постапуваат во насока на заштита на нвните логоа и имиња според постоечките европски и меѓународни процдури. Договорот, сепак, се наведува, нема да влијае на производи кои имаат заштитено потекло (ПОП) или географски индикатор (ПГЕ).

Согласно Преспанскиот договор, за спроведување на делот кој се однесува на трговските марки, ќе се формира меѓународна група експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години.