Зацврстување на деловните релации меѓу Северна Македонија и Република Чешка како и зголемување на трговската размена, предвидува Меморандумот што го потпишаа вчера претседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и на Конфедерацијата на индустрија на Чешка, Јарослав Ханак.
Двете држави имаат долга традиција на соработка, а фокусот за интензивирање го гледаат во инфраструктура, автомобилската индустрија, индустрија за управување со отпад и со отпадни води, како и за заштита на животната средина, соопшти ССК.
Меморандумот треба дополнително да ги зацврсти трговските врски меѓу двете држави и да отвори нови можности за соработка на компаниите, преку заеднички вложувања. Силен импулс за натамошно продлабочување на меѓусебните односи, според најавите, треба да биде заедничката мешовита економска комисија која ќе координира конкретни проекти за развој на меѓусебните економски односи.
Трговската размена меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија во последната година со зголемување од 15 проценти, со потенцијал за унапредување на соработката во насока на намалување на разликите во размената.
Comments are closed for this post.