Дојче банк конфискувала 20 тони злато на Венецуела, заради неисполнување на финансиски договори поврзани со исплатата на кредит добиен во 2016 година, соопшува Блумберг, повикувајќи се на сигурни извори. Агенцијата забележува дека ниту претставници на Дојче банк, ниту портпаролот на Централната банка на Венецуела не сакале да ја коментираат инбформацијата.

Според договорот потпишан во 2016 година, Венецуела добила кредит од Дојче банк во висина од 750 милиони долари, а како гаранција оставила 20 тони злато.

Соопштено е дека Венецуела не ги исполнува условите за исплаќање на долгот, чиј рок истекува во 2021 година, поради што германската банка донела одлука предвреме да го прекине  договорот и да го конфискува златото.

Економската криза во Венецуела трае одамна и сега се продлабочува поради воведените финансиски и економски санкции против државата. Меѓународниот монетарен фонд очекува БДП на Венецуела во 2019 година да изгуби 25%, а во 2020 уште 10 проценти.