Гордана Димитриевска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, вели дека преку четвртиот сет на владините антикризни мерки краткорочно ќе се решат проблемите на граѓаните, односно како што рече проблемите ќе се пролонгираат но после нова година повторно ќе ги има.
Очигледно е дека ќе пролонгираме некои проблеми кои што повторно ќе не стигнат после нова година, со што една група ќе средиме друга ќе изнервираат. Еве пензионерите до 15.000 денари ќе добијат 6.000 денари картички пред две години им се скрати еден дел од пензиите. Така да во тој дел зголемивме струја, порамнуваме некои сметки, значи не сме им дале ништо за да им помогнеме, вели таа.
По однос на ова што го кажа за домашното задолжување морам само нешто да спомена Хрватска кога почна кризата правеше откуп односно трансакции, откупување на државни хартии на вредност од страна на нивната Централна банка од комерцијалните банки.
Значи ова е трансакција која што се правела, а се правела и во минатото. А притоа зборуваме за пари кои што банките ги има. Ние пак сега ќе се случува истото, ќе се задолжуваме, додаде таа.
Според Димитривеска Кочоска владата требало најпрво да обезбеди пари за приватниот сектор, да трансферира пари за Агенција за вработување, за социјален бенефит а дури потоа да размислува за реализација на капиталните раскоди да го фаворизираат градежништвото и на тој начин да се поттикнат и другите гранки се со цел граѓаните да не ги губат своите работни места.
Значи да бидеме јасни требаше да обезбедат пари за економија односно за приватниот сектор, требаше да трансферираат пари за Агенција за вработување, за социјални бенефити и после тоа да почнат да размислуваат на реализација на капиталните раскоди односно да го фаворизираат градежништвото или тие 1.000 километри кои што не ги видовме сега барем да ги видиме за да поттикнат еден куп гранки, за да почнат луѓето да работат и да не се грижат дали ќе ја изгубат работата, објасни таа.
Димитриевска Кочоска истакна дека животниот стандард на граѓаните од 2006 до 2016 година во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ пораснал за цели 7 проценти, додека во време на СДСМ животниот стандард пораснал само за 0,2 проценти.
Животниот стандард во Македонија кој што по дефиниција е бруто домашен производ по глава на жител, сега зборува за тој БДП по глава на жител во однос на Европа, во Македонија бил 2006 година 30 кога ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт, 2016 бил 37 проценти или 7 проценти имаме зголемување на тој животен стандард во однос на Европската унија. Но, сега за овие години додека е СДСМ на влас имаме само 0,2 проценти пораст, посочи Димитриевска Кочоска.
Comments are closed for this post.