Регулаторната комисија за енергетика денеска (29.07) ќе одлучува за цената на парното, што зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани. Сите најави што доаѓаат од Европа се дека доаѓа многу тешка зима, што ги подгреа стравувањата како ќе се затоплат домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат.
Ситуацијата е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани.
Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ).
До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
Comments are closed for this post.