Дел од цигарите во продавниците поскапеа од 5 до 10 денари, а дистрибутерите истакнуваат дека ваквото зголемување на цените на нашиот пазар се должи на тоа што самите производители ги зголемиле цените. Така цигарите „жаде“ и „лаки страјк“ од 95 денари за кутија, сега во продавниците можете да ги најдете само по цена од 100 денари, а цената на „ротманс“ се зголеми од 100 на 110 денари.

Според Законот за акцизи, акците за цигарите постепено се зголемуват во периодот од 2013 година до 2023 година. Акцизата на цигари сега изнесува 2,453 денари по парче (тежина по парче е просечната тежина на 1.000 парчиња без филтер и додаток) и 9 проценти од малопродажната цена по кутија.

На 1 јули, ќе има ново зголемување на цените на сите цигари, и тоа ќе биде резултат на зголемувањето на акцизата.