Пазарот со недвижности во Србија во последните три години е во експанзија, а цената за метар квадратен пораснале за 35%.
Ова се наведува во Групacцијата за промет со недвижности на Стопанската комора на Србија. Тие порачуваат дека купувачите и продавачите треба да се едуцираат и да работат преку регистрирани агенции за да се заштитат себеси во процесот на продажба.
Во Белград цените се највисоки, така што просечната цена изнесува 1.600 евра, а во Нов Белград, која во моментов е најинтересна локација, цената по квадратен метар се движи од 1.100 до 3.200 евра.
Претседателот на Групацијата изјави пред новинарите дека во овој момент цената на недвижностите „мируваат“, но и дека не предвидува пад на цената.
Comments are closed for this post.