Заменик-генералниот директор на ЕСМ, Фатмир Лимани најави нови инвестиции на ова компанија во РЕК „Осломеј” – Кичевско.
Во интервју за локална телевизија во Кичево Лимани рече дека е планирано во наредните две години во комбинатот да инвестираме во модернизацијата и продолжување на векот на работењето на комбинатот со нов коп на јаглен .
Со овој зафат околу илјада вработени ќе бидаат безбедни на своите работни места, рече Лимани и додаде дека потоа ќе се работи на исполнување на потребните ИСО стандарди со модерни филтри за еколошки да биде што побезбеден овој регион.
За таа намена предвидено е компанијата да одвои околу 160 милиони евра, а како што рече Лимани за ова проширување потребна е кордининација со општина Кичево. Тој потврди дека ќе има нови вработувања, но претежно стручен кадар, со фокус на инежнери.
Изразуваме подготвеност како компанија да продолжиме да стипендираме успешни студенти од факултетите во земјата, но и други проекти од разни сфери во интерес на општеството, нагласи Лимани.
Додаде дека како компанија се подготвени да го почитуваат и имплементираат законот за јазиците, при што тој не очекува никакви проблеми.
Веќе е предвидено да вработиме и преведувачи за ова намена, а во голема мера е подобрена и етничката и соодветната застапеност на заедниците, иако се уште не е на потребното ниво, посочи тој.