Определен број вработувања по етнички клуч приватниот сектор нема обврска да реализира, но ако некоја приватна компанија аплицира за парични средства односно субвенции, тогаш ќе треба да биде задоволен и етничкиот принцип. Од Бизнис конфедерацијата апелираат оперативниот план да е дизајниран за сите граѓани зашто бизнисот пред се бара работата да му биде завршена независно кој работник од која етничка заедница доаѓа а му е битно вработениот да има стручност, вештини, мотивација , компетитивност и образование.

Приоритет ќе имаат работниците кои го изгубиле своето работно место поради ковид 19 пандемијата, потоа најдолго невработените лица , и најтешко вработливите лица.

Од ДУИ се пофалија дека оваа мерка им била изборно ветување за вработување на Албанци во приватниот сектор согласно принципот на правична застапеност од 25 проценти.