Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи изјави дека ова е време на преживување и прават се како Влада да му помогнат на стопанството во набавката и добивањети на електрична енергија. Вели дека во моментов, под ефтино треба да се подразбере секоја цена на струјата која е под берзанската.
Вели дека има ситуација кога цените одат по 1000 евра по мегават, а ако се понуди цена по 300 евра, тогаш за тоа може да се каже дека е евтино. Како што е познато, владата се обидува да договори увоз на струја од Бугарија, засега неуспешно, Грција, па и Турција.
Се обидуваме да најдеме суровини за да се произведе дополнителна количина на електрична енергија која што ќе се дава на располагање на стопанството по цена која што е пониска од таа на берзата, и ако можеме да најдеме одредени колиличини на електрична енергија, секако ќе ја увеземе за потребите на стопанството. Има позитивни сигнали, се уште не можеме да збруваме за бројки, сметам дека следната недела ќе имаме конкретни сознанија што тоа што можеме да го понудиме на стопанството, вели Фатмир Битиќи
Comments are closed for this post.