Изборот на универзален снабдувач со електрина енергија ќе заврши многу порано отколку што е планирано со Законот за јавни набавки, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.
Тој прецизира дека на аукцијата ќе се стартува од најниската понуда од 14,4 проценти што првично ја даде ЕВН Снабдување. Претседателот на РКЕ посочи дека засега нема голема заинтересираност од снабдувачите за понуди за домаќинствата иако целосната либерализација на пазарот на електрична енергија започна од 1 јануари годинава.
Посочи дека снабдувачите генерално во моментов се насочени кон комерцијалните потрошувачи каде, како што кажа, реално ќе има намалување на нивните трошоци за електрична енергија.
Comments are closed for this post.