Овој предлог буџет како најголем во историјата на Македонија не предвидува зголемување на капиталните инвестиции во пропорција со зголемување на буџетот. Владата како предлагач со нејзините амбициозни математики во составувањето на овој предлог буџет не се потпира во фактичката реалност што ја имаме во државата. Иако владата прокламира социјален буџет, таа не се придржува до нејзините ветувања, бидејќи зголемувањето на платите не го предвидува како што ветила.
За Албанците и овој предлог буџет како и претходните буџети не ги задоволува нивните потреби и барања, почнувајќи од процесот на децентрализација кој не е успешно завршен. Како резултат на ова, денеска општините се соочуваат со недостаток на финасиски средства за реализирање на нивните проекти а со ова нивното функционирање станува се потешко. Самиот факт на простување на долговите на општините со посебен закон, кажува за тешката состојба во нивното функционирање. Треба до потенцираме дека овие долгови општините ги направиле на нетранспарентен начин и не во интерес на граѓаните.
Колку добиваат албанските општини од централниот буџет кажува и табелата каде се презантирани блок дотациите и наменските дотации за општините. Албанските општини добиват 0% средства од централниот буџет како блок дотации за домови за стари лица, околу 1% како блок дотации за дејности од областа на културата, околу 12% од наменските дотации за пожарникари, отприлика истиот процент за блок дотациите за детска заштита
Comments are closed for this post.