Стапување на сила на законот за доход за месец и половина ќе создаде проблем. Ова е пораката кои  турските инвеститори  му ја упатиле на средбата со министерот за финансии Драган Тевдовски.

Буџетите на компаниите се завршени уште во октомври и дека стапување на сила на измените на законот за доход за месец и пол дена ќе создадат проблемите. За секој инвеститор регулаторна предвидливост е знак на сигурност и доверба во однос на државата во која се инвестира, стои во соопштението од МАТТО.

На средбата е истакнат проблемот на недостиг на квалификувана работна сила и се предложи наместо даноците да се преливаат во социјална помош,  тие да се дадат како поддршка за доквалификација на невработените , но по конкретни потреби на компаниите, наведуваат во соопштението од МАТТО.

Оттаму додаваат дека доколку не се преземе нешто турските инвеститори ќе мора да увезуваат професионален стручен кадар од Турција.

Министерот Тевдовски, се заблагодари на турските инвеститори за довербата да вложуваат во Македонија, како и на турската држава за подршка на Македонија во меѓународни односи.

Тој истакна дека Министерство е транспаретно и отворено за секаква комуникација со компаниите било во однос на поплаки било во однос на предлози за унапредување на деловна и инвестициска клима.