Од движењето Беса, го прашуваат премиерот Зоран Заев, зошто во западниот дел од Македонија нема ниту една странска инвестиција.

Сведоци  сме на еден видео материјал ,спонзориран од самиот премиер г-динот Заев, каде што се презентираат економските достигнувања на владата, во првите две години од неговиот мандат. Според нашата анализа, а што може лесно да се утврди и од фактичката состојба, констатираме дека од рекламираните 624,5 милиони евра, ниту еден цент не се инвестирани ве технолошко развојните зони во западниот дел на државата, со мнозинство албанско население.

Што значи , во овие две години не е отворена ниту една обична работилница , а да не зборуваме за големите светски производители. Со право го прашуваме премиерот Заев, бидејки е повеке од јасно дека министерот за економија, г-Бектеши не е во тек со оваа мизерна состојба на овој регион, кој што е населено со мнозинско албанско население.

Господине Премиере, Зошто го исоставувате западниот дел од картата на СДИ и не работите на отварање нови работни места . Како е можно, една од највиталните зони на државата да се остави во ваква незавидна состојба, во првите две години од вашиот мандат??, прашуваат од Движењето Беса.

Велат дека има нула странски инвестиции, нула отворени работни места и невиден егзодус на млада и квалификувана работна сила Дали сето ова не е во спротивност со концептот кој што го промовирате- ЖИВОТ ЗА СИТЕ??

Заради оваа причина г.премиере Ви апелираме помалку да се занимавате со видео спотови, затоа што тие не враќаат назад на времето кога имаше многу рекламирања, а малку работа. Ви препорачуваме во духот на еднаквиот и пропорциенален економски развој, да не го оставите во заборав Полошкиот регион и другите места со мнозинство албанско население. Само со еднаков економски и регионален развој може да се зборува за некаков живот за сите, вели Фатмир Емуш,  директор на Департаментот за Економија во Движење БЕСА.