Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.2%.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, па еден литар дизел гориво ќе се продава по цена од 57.00 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по денар и половина. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Comments are closed for this post.