Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се обезбеди бенефициран стаж на рударите. Како што истакна пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, со ова намалување на старосната граница за пензионирање на рударите ќе се обезбедат услови за квалитетен живот за граѓаните и фер општество за сите.

Со овие измени рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рударите се пензионираат со навршени 58 години, со новите измени, ќе се пензионира на околу 50 години. Им овозможуваме на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж – изјави Шахпаска.