По бурните реакции во јавноста за вработувањето на неговата сестра, министерот за економија не чувствува никаква морална одговорност и нема даде оставка од функцијата.
На новинарско прашање Бектеши одговори дека во Македонија огласите се јавни, а МЕПСО не бил во надлежност на Министерството за економија, ниту пак во надлежност на Владата, затоа и тој како министер неможал да има влијание за нејзиното вработување во МЕПСО.
Отвараме нови работни места, каде што секој има право да се пријави, рече министерот Бектеши.
Comments are closed for this post.