Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека со оглед на ситуацијата, возможно е да им се дозволи на угостителските објекти да работат до 23 часот. Тој рече дека продолжувањето на работното време најверојатно ќе се случи по 21 јануари.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде точно продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

„Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот“, најави Бектеши.