„Не би рекол дека се чувствувам како дебакл, успесите на промоторите се познати.“

Ова е одговорот на министерот за економија Крешник Бектеши, по изјавите на претседателот Стево Пендаровски во Стопанската комора дека промоторите од претходната Влада биле  дебакл, односно дека ефектите од нив биле нула.

Токму Бектеши кој пред да стане министер за економија, беше економски промотор во Берн и Белгија во 2016 година, вели дека не само што не се чувствува како дебакл, туку дека е задоволен од својата работа, односно дека  тој како промотор бил заслужен за неколку странски  компании да инвестираат во земјава.

Бектеши признава дека успесите на промоторите се познати, но исто така потенцираше и дека немале сите промотори успех во носењето на странски инвестиции.

Не би рекол дека се чуствувам како дебакл, се знаат успесите на промоторите, но не речисите сите промотори имале успех со носење на странски инвестиции . Вие како што знаете таму кај што сум бил јас економски промотор, а може и да проверите и во зоните имате инвестиции, а истовремено и надвор од зоните. Пред една година ја најавивме и новата инвестиција од Швајцарија( се работи за Баумер) јас како промотор сум бил во директен контакт со нив. Ние како Владата правиме анализа , како да ја унапредиме економската дипломатија и во септември ќе излеземе со конкретен предлог , како да направиме економска дипломатија – тоа е многу важно за државата , ќе бидемее насочени да ги промовираме поволностите и тоа ќе го направиме со МНР и ќе видиме дали ке биде преку ТИРЗ или Агенцијата, вели  Крешник Бектеши, министер за економија.

Пресинг ТВ разговараше со неколку поранеши промотори за мислење на изјавата на претседателот Пендаровски, но тие велат  дека резултатите  од нивната работа говорат сами по себе,  а компаниите кои во тој период   инвестирале во земјава  се компании  во и надвор од зоните кои имаат високи технологии,  компании кои  обучиле и вработиле  луѓе со  високи примања.

Во средата претседателот Пендаровски зборувајќи за економијата на средба со бизнисмените изјави:

„Одлуката на тогашната влада беше екномските промотори да одат по фирми да оставаат визитки и да објаснуваат за економската состојба во земјата. Ефектите од овие економски промотери се нула. Нема никакви ефекти, не носеа инвестиции колку што ја чинеа државата. Истите беа и наградувани со бонуси за посетените фирми“, истакна Пендаровски.

Само да потсетиме  на некои од бившите промотори кои по нивното повлекување  или укинување станаа министри, менаџери во странски компании, извршни директори на светски познати компании.

Арлинд Зекири, беше промотер во Швајцарија, кој  потоа стана  министер за привлекување странски инвестиции и дојде на местото на Фуркан Чако, потоа Хабил Мустафај е екс промотер  кој  сега работи во една од компаниите во зоните, Радош Вукичевиќ кој беше промотер во Србија и Бугарија  сега е извршен директор на Тиквеш.

Инаку, Владата предводена од СДСМ, кога дојде на власт ги укина промоторите,со оправдување дека биле скапи и неефикасни и дека не носеле инвестиции.

Но на почетокот од годинава  повторно ја врати идејата за промоција,  но не со 33 промотори, туку со три канцеларии во Германија, Турција и САД.  Овие канцеларии треба да се отворат кон крајот на годинава.