Третата најголема банка во Данска им нуди на клиентите заеми за десет години со негативна каматна стапка од 0,5 проценти, што всушност значи дека клиентот ќе отплати помалку од позајмената.

На пример, ако клиентот купи куќа за 1 милион американски долари и ја врати хипотеката во целост за десет години, ќе треба да врати 995.000 долари на банката, пишува Бизнис инсајдер.

Но,треба да се има предвид дека дури и со негативна каматна стапка, банката често наплатува различни такси при што на крајот би довело до тоа клиентот да отплаќа повеќе од позајменато, но  како и да е и така е екста поволно за тие што земаат заеми.

„Пред само неколку месеци би рекле дека ова е невозможно, но можни се изненадувања. Ова е ново поглавје во историјата на хипотеките и отвора нови можности за сопствениците на домови “, рече економистот на “Јyske Bank“ Микел Хег, за Данска ТВ.

Негативната каматна стапка на  банката  е последна во низата екстремно ниски, „ефтини“ заеми за недвижнини во Данска. Задолжувањето на Данците никогаш не било поевтино, па една од тамошните банки понудила  станбени кредити со нулта каматна стапка

За прв пат во историјата на данскиот хипотекарен пазар, “Nordea bank Abp“ објави дека ќе започне да нуди станбени кредити  за 20 години со фиксна стапка на отплата, на која тие нема да наплатат камата

„Никогаш не е поевтино да се позајмува“, рече Лисе Нитофт Бергман, главен финансиски аналитичар на финансиската рака на Нордеја банка во Данска, додавајќи дека очекува дека ова ќе помогне во зголемувањето на цените на недвижностите.