Откако официјално стана јасно дека ЈСП Скопје е еден од најголемите загубари во Македонија, владата реши да му помогне на претпријатието, анализира Курир.
Имено владата со инјекција од преку 2 милиони евра ќе ги покрива загубите кои ги претрпе ЈСП во изминатиов период.
Според одлуката на владата град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.
Според директорот Кристијан Чушков, претпријатието од почетокот на коронакризата работи со огромни загуби, а главната причина ја гледа во намалениот број на патници во автобусите кои сообраќаат со преполовен капацитет,а истите според протоколот не смеат да исполнат повеќе од половината на капацитетот за превоз на патници, вели тој за Канал 5.
Платата им доцни на возачите, а автобусите се преполни без да се почитуваат препораките на Владата.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.