Новиот закон за финансирање на единиците на локална самоуправа кој Владата се обидува да го протурка по скратена постапка отвора сомнеж за нов мултимилионски скандал, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека станува збор за 50 милиони евра кои ќе се делат под сомнителна методологија и субјективни критериуми.

Според него, фактите говорат дека најдолемиот дел од долговите на општините се стари и отпаѓаат на каматите, а не на главнината, тогаш Арсовски прашува зошто владата не формира тим кој би преговарал со најголемите субјекти на кои општините им должат и тој тим да се обиде да договори целосен или делумен отпис на каматите?

Вакви искуства има во минатото вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека на тој начин ќе покажеше СДСМ дека не се работи за скриени бизнис намери.