Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска смета дека деловната зедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инфраструктурни проекти и за изворите за нивно финасирање, за да ја коментира најавата на преиерот Зоран Заев дека ќе следи нови инвестициски циклус од пет милијарди евра.
Да се има капитални инфраструктурни проекти е од големо значење за граѓаните и за деловната заедница, бидејќи секоја од компаниите ќе може да биде вклучена во нив и да даде свој придонес. Тоа секако влева и дополнителни свежи средства во економијата и ќе ја зголеми потрошувачката, меѓутоа првично треба да ги знаеме изворите на парите и кои се конкретните проекти за кои се планираат да се потрошат планираните средства за да можеме да дадеме мислење и подетално да го образложиме, рече Арсовска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во ССК.
Таа посочи дека треба да се внимава со натамошното задолжување на земјава.
Во овој момент знаеме на која граница е задолжувањето на земјава и не веруваме дека дополнителни задолжувања би требало да бидат нешто кон кое што ќе целиме. Тоа е одговорност на Владата. Ние како деловна заедница не можеме да влијаеме и единствено можеме да го кажеме своето мислење, нагласи Арсовска.
Премиерот Заев вчера со видео порака на својот фејсбук профил, го најави претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
Comments are closed for this post.