Вицепремиерот Кочо Анѓушев ги реши дилемите дали германскиот автомобилски гигант ќе инвестира во нашата земја.Тој во интервју за „Дојче Веле“ вели дека сето тоа е шпекулација.
Нема ништо од тоа дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија и тие информации се шпекулација-изјави вицепремиерот за Дојче Веле“.
На почетокот на годината како „бомба на Заев“ беше објавена веста дека германски гигант решил да инвестира во Македонија, а потоа дури беше објавено дека тој гигант е ни малку ни повеќе туку „Фолксваген“.
Пресинг Тв тогаш испрати неколку прашања до седиштето на компанијата во Германија од каде ни одговорија дека одлука немаат донесено
„Ви благодариме на вашиот интерес за изборот на локацијата на новата мулти бренд фабрика на Групата ВФ. За локацијата не е донесена формална одлука-стои во одговорот на Лесли Ботхге, портпарол на ВФ за продажба и производство.
За новата фабрика на „фолксваген“ во трка се повеќе земји, меѓу кои Србија, Бугарија и Турција,
Comments are closed for this post.